Холанѓанката Ирене Вуст го освои златниот медал на Олимпијадата во Сочи на трката брзо лизгање 3.000 метри, додека домаќините стигнаа до првото одличје – бронзениот медал.
Вуст патеката во оваа дисциплината ја помина со време 4:00.34.
Второто место и сребрениот медал отиде кај чешката натпреварувачка Мартина Сабликова која беше поспора 1.61 секунди од победничката.
Олга Граф на Русија и го донесе првиот медал освојуваќи го третото место на денешната трка со време 4:03.47.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.