| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за правда на САД ги прошири правата за еднополовите бракови

pederi

Откако Врховниот суд на САД минатата 2013 година донесе одлука сојузните власти да мораат да ги признаат еднополовите бракови склучени во сојузните држави коишто ги легализирале, американското министерство за правосудство објави во саботата дека ги проширува правата на браковите меѓу лица од ист пола, па тие на пример повеќе нема да мораат да сведочат едни проти други во судските постапки.

Американскиот министер за правосудство Ерик Холдер, оваа одлука ја објави во говорот пред група лобисти за правата на геј популацијата во Њујорк. Американскиот закон одамна им го признава правото на сопружниците дека не мораат да сведочат еден против друг во граѓански и кривични постапки.

Во САД законите за бракот се во надлежност на сојузните држави. Во мнозинството од 50-те сојузни држави на САД се забранети браковите меѓу лица од ист пол. Во четири држави се донесени соодветни закони за тоа, а во 29 се воведени амандмани на уставите со кои се одредува дека бракот може да се склучи само меѓу маж и жена. Во декември 2013 година Ново Мексико стана 16-та држава во која хомосексуалните и лезбиските двојки може да се венчаат, плус округот Колумбија на главниот град Вашингтон.

Активистите велат дека годинава што изминува 2013-та била богата со хомосексуални права на ниво на сојузни држави во САД, како и на сојузно ниво. Во јуни минатата година Врховниот суд на САД го укина дело од Законот за заштита на бракот кој на истополовите двојки им ги ограничуваше правата коишто ги уживаат хетеросексуални брачни двојки и на сојузната влада да ги признае еднополовите бракови.

Министерот Холдер најави и дека има намера да ги изедначи правата на истополовите и хетеросексуалните двојки и врз низа други области, како што е прашањето на кредитите, правата на сопружникот да му се исплати отштета поради загуба на партнерот или права на посета во затвор.

„Во секоја судница, во секоја постапка и на секое место каде што се претставниците на министерството за правосудство, тие ќе настојуваат да обезбедат еднополивте бракови да добијат исти права и заштита којашто ја уживаат хетеросексуалните двојки”, рече Холдер.

Противниците на истополовите бракови ги осудија најавите на Холдер, истакнувајќи дека со тоа администрацијата на американскиот претседател Барак Обама воведува беззаконие во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top