Влезот на МПЦ во канонско единство со другите православни цркви ќе го обезбеди идентитетот јазикот и културата на македонскиот јазик, изјави денес Патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил.
Непризнавањето на македонската црква ја слабее и позицијата на православието. Затоа е важно да се најдат патишта за доаѓање на решение. Тој како патријарх е подготвен да ги направи сите можни напори за да се дојде до разумен компромис. За прв пат јавно проговори дека како одговорен за меѓународни односи во заедно со претствници на македонската и српската црква неколку пати разговарал за повеќе варијанти и го повика македонскиот претседател да понуди можни решенија за кои подоцна би се разговарало во помала група црковни великодостојници. Тој денеска посака да го запознае македонскито гледиште на црковниот спор. Ова рускиот партијарх Кирил го изјави при пречекот на македонскиот претседател иванов во Кремљ. Предходно македонскиот претседател учествуваше на литургија во успенскиот храм исто така во кремљ.
Во своите опсервации за проблемите на модерниот свет патријархот кирил говореше и за како што ги нарече цивилизациските катастрофи истополови бракови и еутаназија. Изрази задоволство што во скопје не успеале обидите да се организира геј парада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани