Поради распишаните претседателски избори, се одложуваат најавените 15 отсто поголеми или помали плати за јануари за наставниците со најдобри, односно со најслаби резултати на екстерното тестирање од минатата година. Министерот за образование и наука Споро Ристовски рече дека Министерството ја има подготвено ранг-листата на наставници, но добило мислење од Државната комисија за спречување корупција дека ќе треба да ја објави по завршувањето на изборите.
“Согласно со укажувањето на Антикорупциската комисија, тоа ќе мора да се реализира по завршување на изборниот процес, за да не се сфати ниту како наградување ниту како казнување на дел од наставниците во период кога се распишани и се спроведуваат изборите”, рече Ристовски.
Просечната оценка на екстерното тестирање на матурантите, што се спроведе во јануари во 96 средни училишта во Македонија е 3,39. Најдобри резултати постигнале матурантите од гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин” – Скопје, “Јосип Броз – Титоо” – Битола, уметничкото училиште “Лазар Личеноски” – Скопје, “Орце Николов” – Скопје и “Гоце Делчев” – Куманово.
Од понеделник до среда учениците што се сомневаат во оценките, ќе можат да достават приговор до училишна комисија. Конечната одлука за прифатливоста на приговорите е во надлежност на Државниот испитен центар. На тестирањето матурантите добиле 2.596 единици од вкупниот број полагани тестови (41.852).
Од 21.854 средношколци во завршна (трета или четврта) година, двата предмета од екстерното не ги полагале 315 ученици, а 416 полагале еден од двата предмета. Министерството дополнително ќе одреди нови датуми кога тие ќе преполагаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!