| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Србинот кој предизвика сообраќајка на Петровец и побегна

Вчера околи 15 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија, македонската полиција го уапси лицето С.Р. (1951), кое во земјава допатувало со товарно моторно возило марка „мерцедес“ со српска ознака, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

С.Р., државјанин на Република Србија, беше предмет на потрага откако во четвртокот учествувал во сообраќајна несреќа на наплатна рампа „Петровец” и го напуштил местото на несреќата.

Лицето е приведено и задржано, а од страна на увидна екипа од полициската станица Куманово извршен е увид над товарното моторно возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top