Најмоќна деловна жена во светот е Мери Бара, директорка на компанијата „General Motors“, објави магазинот „Fortune“. Педесет и двегодишната Бара е надредена на 212.000 работници на шест континенти и е прва на листата на 50 најмоќни деловни жени во светот.
На листата на магазинот најбројни се жени кои доаѓаат од САД, а најмоќна деловна жена која е надвор од Америка е директорката на енергетската мултинационална компанија „Petrobрas”, Бразилката Мариа дас Грацас Силва Фостер, 60, која се наоѓа на четвртото место.
Најмлада меѓу највлијателните дами од светот на бизнисот е Мариса Мајер која има 37 години, а е претседател и генерален директор на „Yahoo” и се наоѓа на 14. позиција.
Во продолжение листата на десетте најмоќни деловни жени во светот:
1. Мери Бара – General Motors
2. Џини Ромети – IBM
3. Индра Нуји – PepsiCo
4. Мариа дас Грацас Силва Фостер – Petrobras
5. Елен Кулман – DuPont
6. Ајрин Росенфилд – Mondelez International
7. Мерилин Хусон – Lockheed Martin
8. Мег Витман – Hewlett Packard
9. Патриша Вортц – Archer Daniels Midland
10. Гејл Кели – Westpac
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.