| четврток, 6 декември 2018 |

Од 1 април ќе започне либерализацијата на пазарот на струја

По неколкукратното одложување, на 1 април ќе започне втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Првиот човек на Македонската енергетска асоцијација Кочо Ангушев, кој е и снабдувач, тврди дека отврањето на пазарот ќе значи поевтина струја и до 20 %. Информациите за можно зголемување на цената ги отфли како шпекулации, пренесува 24 Вести.

Фабрики, банки, аеродроми, се само дел од 222-те компании кои ќе излезат на пазарот. Според акциониот план, фирмите ќе мора до крајот на февруари да одлучат кој ќе ги снабдува со струја и за тоа да го информираат операторот МЕПСО. Во случај некоја од фирмите да не одлучи, автоматски ќе биде снабдена со струја по принципот „во краен случај“ од страна на ЕВН Македонија.

Поголемите потрошувачи, компаниите и домаќинствата ќе можат самостојно да си одберат доставувач. Со тоа пазарот на електрична енергија целосно ќе се либерализира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top