| четврток, 6 декември 2018 |

10 илјади туристи на Попова Шапка во еден ден

На Попова Шапка во еден ден престојувале околу 10 илјади туристи и други посетители од повеќе места на Македонија и од странство. Викендов сите хотели и други угостителско туристички објекти на Попова Шапка се преполни со посетители, јавуваат македонските медиуми.
Поради ограниченоста на сместувачките капацитети на угостителско туристичките објекти крај скијачките терени, деновиве имало и голем наплив на излетници кои во континуитет пристигнувале на овие височини се до пладневните часови.

За зголемената посетеност на Попова Шапка покрај снегот голем придонес имаат и подобрените услуги не само во хотелите, туку и на ски-лифтовите. На Попова Шапка височината на снежната покривка изнесува од 50 до 100 сантиметри зависно од конфигурацијата и надморската височина на скијачките патеки. На овој зимско рекреативен центар во Македонија ги има сите услови за непречено скијање и рекреирање што влијае за континуирано зголемување на бројот на посетителите и на странските туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top