И самиот поранешен кандидат на едно слично шоу, Никола Сариќ Сајко е дел од бендот кој ги придружува натпреварувачите на „Икс-фактор“ на нивните настапи во живо.
Македонската публика го запозна Сајко во 2008 година, кога тој се натпреваруваше во првото и единствено „Операција триумф“, шоу во кое конкуренција му беше и македонскиот пејач Александар Белов.
Девојката на Сариќ, пак, десет години постарата Милица Церовиќ е главниот кореограф на шоуто. Тие двајца ја започнаа нивната врска токму на „Операција триумф“, каде Милица исто така беше главен кореограф.

Својата среќа на „Икс-фактор“ проба да ја најде и уште еден учесник во „Операција триумф“. Никола Пауновиќ, сепак, отпадна после „регрутниот камп“, по што направи голема бука по социјалните мрежи и медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)


