Турската полиција врши истрага фокусирана на можен терористички напад од страна на Украинецот кој наводно, се обидел да киднапира авион и да го пренасочи кон Сочи во момент на церемонија на отворање на ЗОИ во тој руски град.
Турската телевизија ТРТ објави дека полицијата се обидува да утврди дали мажот идентификуван како Артем Хозлов е поврзан со терористичка организација.
Осомничениот наводно држел бомба и се обидел да го пренасочи авионот на „Пагасус ерлајнз“ кој полетал од Харков во Украина, кон Сочи. Екипажот успеале да го измамат и принудно слетале во Истанбул каде бил совладан од полицајци кои скришно влегле во авионот.
Украинските валсти соопштија дека покренале истрага за тероризам.
– Покренавме истрага за обид за извршување терористички напад и обид за киднапирање авион – изјави Максим Ленко, шеф на истражното одделение на Украинската служба за безбедност.
Според него, осомничениот е жител на Харков, на возраст од 45 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.