Бразилецот Маикон Переира де Оливеира утринава загинал во сообраќајна несреќа во Доњецк, Украина. Од неговиот тим, украинскиот фудбалски прволигаш Шахтјор преку својата интернет-страница ја поттврдија веста за преранозагинатиот 25-годишен напаѓач.
-Се работи за талентиран фудбалер и голем пријател. Го сакаше животот и ја користиме оваа ситуација за да го изразиме нашето сочувство до неговото семејство и пријателите. Нека почива во мир – стои во
соопштението на клубот.
Маикон пристигна во Шахтјор во 2012-та година, а претходните две сезони ги мина во Зороји и Иличевич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.