| четврток, 6 декември 2018 |

Руска грешка во Сочи – Македонија е дел од Бугарија

За време на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, при претставувањето на Бугарија беше прикажана карта на која на земјата му беа додадени Македонија и Егејска Македонија. Русија ги припои Македонија и Беломорието кон Бугарија, пишуваат за оваа грешка и бугарските медиуми.

– Картата на Голема Бугарија се појави на екраните за време на парадирањето на бугарската олимписка делегација. Телевизиската продукција е целосно руска и тука нема бугарско мешање – пишува бугарскиот весник „24 часа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top