Првиот олимписки победник ќе биде познат во претпладневните часови кога ќе се одржи финалето во сноуборд во машка конкуренција, а денеска на програмата се и трките на 5000 метри во брзо лизгање и некаде околу пладне ќе го добиеме и победникот во оваа дисциплина.
Денеска ќе се поделат и првите трофеи во нордиските дисциплини. Во крос кантри на програмата е трката на 15 километри во која дамите половина од патеката ќе ја трчаат во класичен, а вторите 7,5 километри во слободен стил.
Бијатлонците на првиот ден од Олимписките игри ќе се натпреваруваат во трката на 10 километри.
Програма на првиот ден од ЗОИ 2014
06:30 Сноуборд (мажи)- полуфинале
09:00 Хокеј на мраз (жени) – САД – Финска
09:45 Сноуборд (мажи) – финале
11:00 Крос кантри (жени) – 15 км
12:30 Брзо лизгање (мажи) – 5000 метри
14:00 Хокеј на мраз (жени) – Канада – Швајцарија
15:00 Скијање фри стајл – могул (жени квалификации)
15:30 Уметничко лизгање (екипно) – танцови двојки
15:30 Санкање (мажи) – 1. трка
15:30 Биатлон (мажи) – 10 км
17:20 Уметничко лизгање (екипно) – жени куса програма
17:30 Ски скокови (мажи) – мала скокалница / квалификации
17:40 Санкање (мажи) – 2. трка
19:00 Скијање фри стајл – могул (жени, финале 1)
19:35 Скијање фри стајл – могул (жени, финале 2)
19:05 Уметничко лизгање (екипно) – двојки слободна програма
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.