| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот патријарх Кирил: Сите да се подготват за војна

патријархкирил 450x318 Патријарх Кирил: Сви да буду спремни за рат!

-Не случајно непријателот го избра Волгоград за своите гнасни недела- истакна рускиот патријарх кирил во својата беседа по молебденот во казахстанскиот соборен храм во Волгоград пред неколку дена.

-Во тек е необјавена војна. Нашите непријатели сакаат да ја уништат Русија, големата тврдина на православието. Ако е веќе војна, мора сите да бидеме мобилизирани, а пред се духовно мобилизирани- повика рускиот патријарх.

Нашпата армија и специјални служби мора да бидат во постојана состојба на подготвеност, но и целото население мора да биде подготвено на взаемно помагање. И како што нашите болничарки, тука во Сталинград, ги вадеа војниците од ровови, така и ние денеска треба да понудиме рака на помош на семејствата на загинатите и повредените. Никој не може мирно да помине покрај човек кој што пати и кој што настрадал, човек кој што е доведен во таква состојба, затоа што тоа е човек кој паднал на бојно поле. Да се биде мобилизиран значи да се чува единството на нашиот народ. Сите ние сме одговорни за својата татковина исто како што тоа беа војниците кои го бранеа Сталинград. Верувам дека Господ Бог ќе биде со нас. Нашата вера е исклучително силна. Ние имаме духовна сила. Поинаку и не може да биде бидејќи нашата историја е осветена со подвизите на светите новомаченици на нашата земја кои денеска се молат пред бога за својата татковина– истакнал патријархот Кирил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top