Косовската полиција соопшти дека 71 лице, од кое 31 полицаец, биле повредени за време на протестот во текот на денот пред Ректоратот на Универзитетот во Приштина. Портпаролот на полицијата, Брахим Садрија изјави дека учесниците на протестите први ги започнале инцидентите и ги нападнале и повредиле полицајците со различни тапи предмети. На 33 уапсени лица им е одреден притвор од 48 часа, меѓу нив се и директорот Косовскиот институт за политички истражување и развој Илир Деда и пратеникот од движењето Самоопределување, Ил Хоџа. Тие се осомничени за „напад на службено лице со тешки последици“.
Повеќе стотина студенти бараат оставка од ректорот Ибрахим Гаши. Група студенти од Универзитетот во Приштина најавија дека в понеделник ќе ги продолжат протестите, истакнувајќи оти ќе им се приклучат граѓаните од сите делови на Косово. Студентите очекуваат ректорот Гаши да поднесе оставка до понеделник, а во случај тоа да не се случи најавија дека ќе бараат оставка од пример од Хашим Тачи. На денешните протести им се приклучија и публицистот Ветон Сурои, директорката на компанијата „Коха“ Флака Сурои, директорот на КИПРЕД Илир Деда и голем број познати личности од цивилниот сектор во Косово, како и новинари и аналитичари.
Студентите бараат оставка од ректорот Гаши поради наводно објавување на научни трудови во списанија, за кои е утврдено дека не постојат, бараат истрага за злоупотребите на Универзитетот, како и подобрување на условите во Студенскиот центар и намалување на влијанието на Владата врз Универзитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


