| четврток, 6 декември 2018 |

Турски воени авиони спречија терористички напад во Сочи!

македонци олимпијци 1

Турски официјални лица соопштија дека попладнево безбедносните сили на оваа земја спречиле терористички напад на Сочи, местото каде што се одржуваат Олимписките игри.

За време на церемонијата за отворање, неименуван Украинец се обидел да киднапира авион на линијата за Истанбул. Според агенцијата Доган, тој му се заканилна пилотот со бомба. Авионот со 110 патници принудно слетал во Истанбул под придружба на воен авион Ф-16. Турските телевизија прикажа снимка од авион на агенцијата Пегасус кој од украинскиот град Харков слетал во Истанбул. Киднаперот претходно барал од пилотот да го пренасочи авионот кон Сочи.

Турската државна телевизија јави дека на авионот му е испратена порака со предупредување во последен момент. Авионот по слетувањето е задржан во безбедносната зона на аеродромот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top