Лианг Гуангли, министер за одбрана на НР Кина, денес е во посета на неговиот домаќин Фатмир Бесими, а се сретна и со претседателот Ѓорѓе Иванов. На средбата Иванов изрази задоволство од нивото на политички дијалог меѓу двете земји и благодарност за континуираната поддршка што Министерството за одбрана на Македонија ја добива од кинеското Министерство за одбрана.
Сликата од денешната посета беше мошне невообичаена. Гуангли дојде со делегација од дури 19 униформирани офицери на кинеската Народноослободителна армија. Неофицијално, од МО велат дека осум од нив се генерали, а другите се полковници, капетани, поручници итн. Ова е особен куриозитет затоа што АРМ има вкупно осум генерали. Дали кинезите сакале на ваков начин генералски да им парираат на домаќините, останува да се нагаѓа.
Посебно падна во очи што дури и кинеските офицери, вклучувајќи го и министерот Гуангли, беа за неколку сантиметри повисоки од нашиот министер Бесими. Кинезите важат за едни од најниските луѓе во светот, иако во некои кинески провинции живета и „двометраши“.
Во Министертсвото за одбрана одбија да дадат детали за средбата, освен тие што претходно се договорени со кинеската страна. Неофицијално се зборува дека главниот готвач во ресторанот на МО пред два месеца бил пратен во Пекинг на обука за кинески јадења, со цел да ги задоволи вкусовите на Гуангли и неговата делегација, кога ќе стигнат во Македонија.
Гуангли на средбите искажа интерес за продолжување на билатералната соработка во областа на одбраната и во сите сфери од заеднички интерес, како и подготвеност за натамошна мултилатерална кооперативност во рамки на меѓународните организации. Иванов изрази и подготвеност од македонска страна за зголемување на трговската размена и за соработката во областа на инвестициите, поздравувајќи ја воспоставената правна рамка меѓу двете земји.
Покрај министерот Бесими со Гуанглиу се сретна и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески. Македонскиот министер се заблагодари за безусловната поддршка и признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име. Бесмини додека дека соработката со вооружените сили на Кина бележи забележителен развој и таа се остварува на полето на воената едукација, на меѓународни студии и обука на инструктори за боречки вештини. За интезивирање на соработката, Македонија планира да испрати одбранбено аташе во Кина во согласност со донесената стратегија за одбранбена дипломатија.
Гуангли е прв министер за одбрана на Кина што ја посетил Македонија. Кинеската армија е најголема во светот. Нејзиниот активен состав има 2,3 милиони, плус еден милион во резревниот состав. Буџетот на армијата на Кина за 2012 година изнесувал 106,4 милијарди долари, што е 1,46 проценти од БДП на најбројната светска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево





