На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир, прва претстава на репертоарот за оваа година. Претставата е во режија на Ѕвезда Ангеловска, а ќе настапи речиси целиот ансамбл на велешкиот театар. Препевот е на Драги Михајловски, сцената на Валентин Светозарев, костимите на Александра Крнинова-Груев, а изборот на музиката го направи режисерката. Главната улога ја толкува Јордан Витанов.
Зафирчев истакна дека ова е голем предизвик на велешкиот театар и од естетски, актерски и од уметнички аспект, но најмногу од продукциски аспект.
– Јас обично ги избирам интуитивно своите предлози за проекти и никогаш не ме мамела интуицијата и визијата за каков тип претстава станува збор. Современо е читањето на „Крал Лир“, и тоа беше една моја идеја, заеднички сите се потрудивме како да прозвучи ова капитално дело во денешно време – истакна режисерката Ѕвезда Ангеловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


