| четврток, 6 декември 2018 |

Нова линија за производство на акумулатори во Пробиштип

TAB-Slajdi-2

Словенечката компанија „ТАБ МАК“ пушти во употреба нова линија за производство на индустриски батерии во фабриката во Пробиштип.

Вкупното вложување на компанијата во инфраструктура, опрема и обртен капитал досега изнесува 12 милиони евра. Инвестицијата во новата производствена линија вреди 6 милиони евра.

Вкупниот број вработени во 2012 година во фабриката за акумулатори изнесува 170 работници, а во 2013 година е зголемен на 200. Компанијата оваа година планира да вработи уште нови 50 работници.

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, странските инвестиции ја намалија невработеноста во земјава, што е доказ за поволната бизнис- клима бидејќи во последно време компанииите го прошируваат бизнисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top