Британскиот премиер Дејвид Камерон по поплавите кои ја зафатија земјата за медиумите порача дека властите прават сѐ што е во нивна моќ за да им помогнат на жителите на Сомерсет.
Големо невреме проследено со бура ги зафати деловите на Португалија, Шпанија, Франција и на Велика Британија.
Жителите од британскиот Сомерсет, каде што водата прелеа преку заштитата, беа евакуирани. Додека медиумите пишуваат дека делови на Сомерсет личат на острови, првиот човек на агенцијата за животна средина порача дека нема намера да даде оставка откако беше обвинет дека не се справил со предизвикот.
На помош на службите на агенцијата била повикана и кралската морнарица. 
Метеоролозите предупредуваат дека лошото време ќе продолжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


