| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за оние што ќе одат на ЗОИ во Сочи: што не смеете да правите во Русија

sochi 7

Поголемиот дел од јавноста ќе ги следи спортските настани во следните две недели на Зимските олимписки игри (ЗОИ), можеби некој и ќе отиде во Русија. Во случај некој да отиде, треба да знае што се смета за пожелно, а што не.

На Русите не дарувајте им ножеви, часовници или шалови. Шаловите претскажуваат солзи, ножевите непријатели, часовниците разделби, пишува порталот „Руски весник“.

Пари не смеат да се земаат или даваат во рака! Во Русија може да ви се случи таксист или трговец да не сака да ги земе парите кои му ги пружате со рака. Тој ќе инсистира да ги ставите на пулт од благајна, на пример. Се верува дека парите ја пренесуваат енергијата на сопственикот, па и таа негативната.

Во Русија не се свирка со уста, дури ни дома. Ако свиркате дома, тоа значи дека нема да имате пари.

Во Русија ништо не се подава преку праг. Не се знае од која причина, но рускиот астролог Владислав Облонски објаснува дека во минатото во таа земја е вообичаено прашината од предците да се чува под прагот. Затоа не се седи на прагот, секогаш се прескокнува и ништо не се поддава преку него.

Во Русија веруваат дека не треба да се вратите назад ако веќе сте излегле од дома. А, ако сепак, сте се вратиле, треба трипати да погледнете во огледало преку левото раме, инаку ќе ве следи несреќа.

Ако тргнувате на пат, пред тргнување треба малку да седнете. Кога некој заминува, сите домашни треба да седнат за момент, потоа да станат и да кажат „збогум“ и дури тогаш можете мирно да го напуштите домот.

И за крај, во Русија навечер не се фрла ѓубре. Не се знае од каде потекнува таа забрана, но на Русите тоа им се допаѓа и им служи како добар изговор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top