Според една неодамнешна анкета, која мора да се потенцира дека не е основана врз некое научно истражување, нашето сексуално искуство има врска со тоа дали во вашата чанта или џеб имате „ајфон“ или „андроид“.
Повеќе од 5000 самци во САД беа интервјуирани за нивните сексуални навики, а победникот е релативен.
Според истражувањето, корисниците на „ајфон“ почесто имаат секс од корисниците на „андроид“, што за некои ги прави победници.
Сепак, истата студија покажа дека сопствениците на телефони со систем „андроид“, пак, имаат поквалитетен и подобар секс бидејќи доживуваат повеќекратни оргазми.
Тие, исто така, се полиберални и повеќе од нив имале секс во тројка, а дури четвртина од нив и имале групен секс барем еднаш во својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.