Босанските портали соопштуваат дека Синдикатот на полицијата во Зеничко-добојскиот кантон од утре најавува штрајк и, како што велат полицајците, биле подготвени да им се придружат на граѓаните. Покрај нив, со штрајк се заканија и уште неколку кантони. Колегите од Зеничко-добојскиот кантон ги повикаа своите колеги од Тузланскиот кантон да престанат да ги бранат политичарите познати како „мајмуни во фотељи“ и да им помогнат на своите соседи, младината, студентите еднаш за секогаш да ја урнат оваа власт.
– Ако полицијата тргне заедно со граѓаните во штрајк, нема да има кој да ги брани политичарите и тие се осудени на пропаст. Ако еднаш ги смениме, ќе ги смениме за секогаш и во сите структури, а потоа доаѓа ново време за нашата држава, за која многумина загинаа, а сега овие ја крадат – ова се зборовите на еден од изворите на порталот.
Голем број граѓани во Тузла сведочат за полициската бруталност, но и за убавата страна. Според зборовите на демонстрантите, некои од полицајците им се придружиле.
– Полицаецот велеше да не ги гаѓаме, дека тие само ја вршат својата работа. Но, еден од нас му пријде и му предложи и тие да бидат дел од нас, по што полицаецот ја остави опремата и ни се придружи, а потоа ги повика и своите колеги – вели еден сведок.
Судејќи според сѐ, во Босна доаѓа ново време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.