Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Сочи е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите.
Од Кабинетот на Претседателот потврдуваат дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но дека тоа не се случило поради дефект на авионот.
Како што претходно беше најавено, претседателот на Република Македонија, Иванов, требаше да присуствува на отворањето на 22. Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во рускиот град Сочи, од каде требаше да замине во посета на Москва.
Од Кабинетот на Претседателот информираат дека претседателот Иванов, сепак со редовна линија ќе ја продолжи предвидената посета на Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани