| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП ја усвои резолуцијата за Македонија, бара датум без одлагање

европарламентЕвропскиот парламент со 486 гласови за, 55 против и 29 воздржани ја усвоија резолуцијата за напредокот на Македонија. ЕП уште еднаш го повикува Советот на Европската Унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.
ЕП жали што одлагањето на датумот за преговори ја акцентира растечката фрустрација на јавното мислење во однос на ќорсокакот во која се наоѓа процесот на интеграција во Унијата и ризикува да предизвика проблеми и тензии во земјата. Исто така, се изразува жалење што Советот не ја повтори истата формулација од 2012 година во однос на Македонија. Грција е повикана да го искористи своето претседавање со ЕУ за да даде нов елан на процесот на интеграција, со што ќе ги потврди ангажирањата од агендата Солун 2003 и ќе создаде позитивен амбиент за решавање на билатералните разлики во духот на европските вредности и да ја искористи својата раководна позиција за да изработи иницијативи кои имаат за цел излез од актуелниот ќорсокак на преговорите за изнаоѓање решение.
Македонија се повикува да продолжи со реформите и да им стави крај на нејзините политики и практиките кои можат да претставуваат пречка за нејзината европска иднина, како и постигнување на напредок во областите наведени во заклучоците на Советот на ЕУ.
ЕП подвлекува дека продолжувањето со одлагањето на датумот за преговори за членство предизвикува зголемена и непридвидливо чинење за земјата и регионалната стабилност, се бара од владата и Комисијата да направат проценки и квантитативна анализа за социјалната и економската цена на последиците од непроширувањето и политичките ризици на национално и регионално ниво од неутврдувањето датум од страна на Советот за почеток на преговори. Во резолуцијата се инсистира сите земји кандидати да бидат третирани според заслугата. ЕП смета дека критериумите од Копенхаген се доволно исполнети за земјата да ги започне преговорите и оти членство во ЕУ е кога една земја ги исполнува целосно истите.
ЕП ја зема предвид пресудата на Меѓународниот суд на правдата за спроведувањето на времениот договор и е на мислење дека водачите на земјите на ЕУ треба систематски да и ги објаснат на јавноста предностите од едно решение, еднаш откако ќе биде одлучено, пред референдумот за ова прашање.
Поздравена е добрата клима на петте билатерални средби меѓу работните групи од Македонија и Бугарија и дека дијалогот од тие рамки е добра рамка за да се разгледаат чувствителните прашања од историјата, населението или другите заедничи теми меѓу двете земји, бара да бидат донесени позначајни мерки за да се постигне во корисно време билатерален договор кој е најадекватен во тој поглед.

ЕП е загрижен повторно наспроти користењето на историските аргументи во дебатата со соседите и бара позитивен напредок во прославувањето на заеднички историски личности и настани со земјите членки на ЕУ. Тука е и залагањето за зајакнување на научната соработка и охрабрувањето на позитивното однесувањ ена младите кон соседите, како изработка на учебници со педагошки материјал без идеолошки интерпретации на историјата. Се изразува жалење за угледот на земјата во областа на слободата на медиумите и за заштитата на слободата на изразување. Во однос на новиот закон за лустрација ЕП го зема предвид, исто како и загриженоста на Венецијанската комисија и Хелсиншкиот комитет во однос на уставноста на овој закон и можната негова злоупотреба. Во резолуцијата меѓу другото се изразува жалење за отсуство на интегрирано образование и се повикува на разбивање на стереотипите, етничките поделби и промовирањето на инклузивна двојазичност на незадолжителна основа, се осудуваат сите видови на ултранационализам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top