Од денеска, па сѐ до недела ќе се одржат натпреварите за победник во Купот на Македонија во кошарка.
МЗТ Скопје ќе се обиде да го повтори успехот од минатата година и да го освои пехарот.
Во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид почнува турнирот „фајнл-ејт“, каде што осумте најдобри екипи треба да го дадат шампионот.
МЗТ Скопје и Струмица ќе го почнат натпреварувањето во 17.30 часот. МЗТ, освен на овој натпревар, е голем фаворит и за освојување на трофејот. Тренреот Мартич најави дека на денешниот дуел екипата од Аеродром ќе влезе внимателно и без отпуштање бидејќи е еден натпревар и шанса за поправен нема.
Во вториот четврфинален дуел од денешната програма се среќаваат тимовите на Кожув и Фени индустри. Кожув, кој по квалитет се наоѓа меѓу најдобрите тимови во државата, е фаворит во овој дуел. Фени индустри во пресрет на натпреварувањето се засили со Ристе Стефанов, кој е поранешен репрезентативец на Македонија.
Од останатите два четвртфинални натпревари кои се играат утре, дербито ќе го одиграат Работнички и Куманово. Тоа ќе биде крајно неизвесен и интересен натпревар.
Во последниот натпревар од првиот круг се среќаваат Лирија и Карпош Соколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.