Истражувањата покажаа дека тие што премногу работат покажуваат исклучително слаби резултати во решавањето логички проблеми, а слаби резултати покажуваат и на тестовите за вокабулар.
Научниците откриле дека повеќе од 55 часа работа во текот на неделата се многу штетни за човечкиот мозок, со оглед на тоа што на тестовите за логично размислување многу подобро поминале тие што работат 35-40 часа неделно.
– Одделете пет до десет минути за да седите во тишина, затворете ги очите и одморете се од надворешниот свет. Не обидувај се да заспиете, туку дајте си себе здив и одморете го вашиот ум – вели професорот Нил Шах.
Исто така, за да ги подобрите вашите когнитивни способности, научниците советуваат пред работа да одвоите десет минути за разговор со колегите.
– Социјална интеракција ги подобрува меморијата и функцијата на мозокот – вели професор Оскар Ибара.
За подобрување на меморијата се препорачува и секојдневно консумирање какао, кое содржи природни хранливи материи кои го зголемуваат протокот на крв во мозокот, а мозочните клетки ќе ви се развиваат и ако одлучите да учите некој странски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.