Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска оствари средба со поранешниот министер за надворешни работи на Австрија и сегашен претседател на Француско-австрискиот центар за приближување во Европа, Петар Јанкович.
На состанокот вицепремиерот Бесими истакнал дека билатералната соработка меѓу Македонија и Австрија е одлична и дека Австрија преку нејзината континуирана политичка и економска поддршка претставува еден од најбитните партнери на Република Македонија во нејзиниот евроатлански интегративен процес.
Во изминатиот период од 1996-2012 година, Австриската агенција за развојна соработка има обезбедено повеќе од 40 милиони евра развојна помош за областите од животна средина, енергетика и вработување.
Претседателот на Француско-австрискиот центар за приближување во Европа истакнал дека европската перспектива продолжува да претставува важна опција за мир, развој и стабилност во регионот на западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.