Холивудската актерка со британско потекло Елизабет Харли била во врска со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, објавија странските медиуми. Таа ги негираше овие информации.
На својот профил на твитер напишала дека овие информации се невистина и дека никогаш не била во љубовна афера со Клинтон во доцните деведесети години.
– Таа приказна не е точна, дека сум била во врска со Клинотн – напиша актерката и додаде дека целата афера ќе има завршница на суд.
Медиумите објавија приказна на нејзиното поранешно момче кое тврди дека Клинтон во една прилика пратил авион во Харли и дека таа останала во Белата куќа четири дена со претседателот.
Своевремено, актерката изјави дека Клинтон ѝ е посебно драг бидејќи тој е „лошко со секси глас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.