Европскиот парламент до доцна вечер расправаше за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година.
Во својот говор Еврокомесарот за проширување Штефан Филе потенцираше дека Европската унија останува стратешки приоритет за Поранешната југословенска Република Македонија, не само за Владата, туку и за опозицијата.
– Важно е земјата да ја придвижиме напред на патот кон европската интеграција. Силно верувам дека отворањето на преговорите за пристап ќе ги консолидираат потребните реформи и ќе ја осигураат нивната одржливост. Благодарен сум за континуираната поддршка од Европскиот парламент за препораката на Комисијата.
Не можам доволно да ја нагласам важноста на добрососедските односи. Ова значи дека, меѓу другото, треба да се земе предвид чувствителноста на соседните земји.
Добрососедските односи остануваат суштински дел од процесот на проширување, и пронаоѓањето на компромиси за спорните прашања е најдобар начин за подобрување на регионалната соработка – изјави Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.