Околу 20 демонстранти и полицајци се повредени во судирите за време на денешните работнички протести во босанскиот град Тузла, организирани поради незадоволството на работниците од начинот на приватизација на нивните фабрики.
Освен што поставија блокади на приодот кон судот и обвинителството, демонстрантите се обидоа да упаднат и во зградата на кантоналната Влада, при што се судрија со полицијата. Тие со камења ја гаѓаа зградата и ги искришија речиси сите прозорци.
Дел од градот беше блокиран, од реонот околку кантоналната Влада се креваше густ чад од запалени гуми, а по улиците беа расфрлени контејнери.
Работниците на „Коњух“, „Полихема“, „Полиолхема“, „Дите“ и „Гуминг“, на собирот го изразија своето незадоволство поради, како што тврдат, „криминалните приватизации“ на овие фирми и нерешените статусни прашања. Ним им се придружија и голем број млади, главно невработени лица, кои се незадоволни поради непотизмот при вработувањата, како и
членови на боречките организации и Фејсбук групата „50.000 луѓе на улиците за подобро утре“.
Учесниците во протестот побараа состанок со претседателот на кантоналната Влада, Сеад Чаушевиќ, кој првично го одби, а потоа го прифати дијалогот, но не беше постигната согласност за бројот на членовите на делегацијата која треба да присуствува на средбата.
За време на немирите повредени се пет полицајци, од кои двајца потешко, а 22 лица се приведени. Оштетени се и повеќе службени и приватни возила.
Во овој момент насилствата се ставени под контрола, а и сообраќајот во градот се одвива непречено. Голем број припадници на полицијата се уште ја обезбедуваат зградата на Владата на Тузланскиот кантон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија