На учениците од основното училиште „Фарина“ во италијанскиот град Виченца по грешка им бил пуштен порнофилм, соопштија денеска локалните медиуми.
Училиштето е под патронат на женски католички ред, но освен монахињи во него работат и световни лица. На сите ученици од петто одделение им биле поделени исти УСБ-а, на кои требало да снимаат аудио и видео документи, што им биле потребни за наставата.
На еден од часовите требало да им биде прикажан видеоматеријал од концерт на еден ученик. Учителката го активирала неговиот стик и на електронската табла пред 29 ученици се развиорила порносцена.
Монахињите објавија официјално извинување и објаснување дека стикот не бил од марката што е користената во училиштето и дека на ученикот му бил даден од неговите родители.
Тоа, меѓутоа, не ги смирило дел од разбеснетите претставници на родителското тело, кои соопштиле дека ќе ја тужат училишната управа. Директорот на училиштето реагирал под итно, договарајќи средба на родителите со психолог, кој ќе ги подготви какви одговори да им дават на своите деца ако тие продолжат да поставуваат прашања околу порно настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


