Двајца прилепчани и еден битолчанец се осомничени за кражбата во бенизнската пумпа на „Макпетрол“ на пат Градско-Прилеп што се случи во ноември минатата година.
Полициската станица од Кавадарци соопшти дека поднесе кривична пријава против Д.П.(24) од Битола, АК.(23) и З.Д.(24) двајцата од Прилеп за сторено кривично дело „разбојништво“.
Во ноември 2013 година, на регионалниот пат Градско-Прилеп на бензинската пумпа „Макпетрол“ маскирани лица со закана со нож и безбол палка извршиле разбојништво над вработен во бензиската одземајќи парични средства, 11 кутии цигари, оштетувајќи ја бензинската пумпа за износ од 50.100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.