Хливудскиот глумец Џорџ Клуни кој се уште се шегува на сметка на колегите кои користат Твитер уште еднаш потврди дека никогаш нема да се приклучи кон оваа социјална мрежа.
52-годишниот глумец ја откри причината поради која никогаш нема да го видиме на Твитер.
– Никогаш не би отворил Твитер, бидејќи навечер сакам да се напијам, па би можел да напишам нешто глупаво. Исто така мислам дека не би требало да им бидам достапен на сите – вели Клуни.
Тој ги спомна и неговите колеги Мет Дејмон и Бред Пит кои исто така не ја користат оваа социјална мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.