| четврток, 6 декември 2018 |

Имало погрешни проценки во маршутата и слетувањето на кингерот на Трајковски

kinger-boris-trajkovski

Тимот на Омер Кулиќ ја затвори истрагата во Македонија за падот на кингерот на претседателот Борис Трајковски, при што било утврдено дека имало многу грешки во претходната истрага дознава МТВ.

Омер Кулиќ, шефот на комисијата која повторно ја отвори истрагата за падот на кингерот на Борис Трајковски денеска ја напушти Македонија. Комисијата ја затвори истрагата. Ќе бидат неопходни уште 60 до 90 дена дополнително проучување поради тоа што комисијата работи според т.н Шеило методологија.

Ќе се обрати до босанските цивилни воздухопловни власти за информација која досега не е истражена- кој одлучил да се промени постапката за слетување на претседателскиот авион. Од францускиот контингент во СФОР ќе се побара и досието за постапката за летање. Ова не било до сега сторено. Истрагата е доставена до Агенцијата за цивилно воздухопловство и до Службата за заеднички работи во Владата на Република Македонија.

Според информациите до кои стигна МРТ, станувало збор за системски и индивидуални грешки, погрешни проценки во маршутата и слетувањето на авионот. Истрагата, објавува МРТ, утврдила дека во претходната истрага биле направени многу грешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top