Една од најпишуваните вести од забава денес на српските веб-сајтови е одговорот кој Илма Карахмет ѝ го упатила на македонската водителка.
Имено, кога Снеже Велков синоќа, позади сцената на „Икс-фактор“ земаше изјава од малата Босанка, таа одговори само „не контам“, што предизвика општа смеа во собата.
Проблемот, според „Блиц“, е што никој не разбирал македонски јазик. Наводно, откако започнало шоуто многумина се жалеле на честата употреба на македонскиот јазик во „Икс-фактор“.
Весникот пишува дека гледачите често оставале коментари, поплаки и навреди на „Фејсбук“ и „Твитер“.
Од друга страна, пак, Велков беше на мета на осуда од страна на македонските гледачи кога неуспешно се трудеше да „прича“ на српски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977
-
Мицотакис: Не прифаќаме македонска националност и македонски јазик
-
Груевска-Маџоска: Македонскиот јазик не се споменува ниту еднаш во Стратегијата на Министерството за култура за 2018-2020