Четири лица се повредени во сообраќајката која утрово се случи на булеварот Борис Трајковски во Скопје, пред бензинската пумпа на Лукоил. Двата автомобила директно се судриле, велат од СВР Скопје.
– Сообраќајната незгода се случи во 8,45 часот, на булеварот Борис Трајковски, во која се повредени четири лица. Во незгодата се повредени едно лице во возило Тојота со скопски регистарски таблички, додека три лица се повредени од возилото Шевролет Калос исто така со скопска регистрација. ПОвредените се пренесени на Ургентниот центар во Скопје- вели за Република Лиза Бендевска од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.