Кинези им фрлиле око на пустите ниви во градското соседство „Обелја” , каде сакаат да ги постават темелите на бугарскиот кинески град или „Чајнатаун ”, пренесуваат бугарските медиуми. Барани се плацеви околу пазарот во Илијанци . Тие барале имот со површина над 30.000 квадратни метри и со дозвола за изградба на станови. Луѓето од таа област добиле понуди да ги продадат парцелите на кинески бизнисмен. Местото не било избрано случајно . Тоа е само на неколку постојки растојание од стоковата берза во Илијанци каде работеле претежно Кинези. Многу од нив живееле во станови во “Надеж” и “Слобода” , но при првата можност требало да се преселат на друго место , за да се само со луѓе од својата раса.
Кинеската заедница во Бугарија била исклучително затворена, пишува „Монитор“. Тие биле сплотени , правеле бизнис , но не сакале контактот со Бугари. Ги прифаќале само како клиенти.
„Кинезите не сакаат да разговарате со Бугари и да склопуваат пријателства. Преферираат сонародници . Тврдат дека Бугарите сакале да ги измамат или да им бараат пари на заем. Наивно е сепак да се верува дека повеќето Кинези тонат во раскош . Нивната колонија се покорува на строго дефинирани правила и хиерархија кои се почитуваат и тие не трошат пари. Поради јазичната бариера и поради националните особености, тие претпочитаат да се само со нивни сонародници” , пишува весникот.
Токму затоа, поданиците на Кина во Бугарија сакале да си имаат свое место, како што е во секој голем град во светот, додава „Монитор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.