Работниците во лондонската подземна железница ќе почнат 48-часовен штрајк поради планот да се укинат билетарниците, со што, според синдикатот, ќе бидат укинати 750 работни места. Штрајкот ќе трае до петок наутро, а на Лондон му се заканува сообраќаен хаос со долги редови на такси станиците, турканици, доцнења на автобуси.
Лондонското метро, со кој дневно се возат 3,5 милиони луѓе на 11 линии и 270 станици, веќе е преполно и на границата на издржливост во време на најголемиот сообраќаен метеж, оценуваат експертите од Лондон.
Планот за укинување на билетарницата е дел од напорите да се модернизира метрото, кое работи од 1863 година. Сообраќајното претпријатие наведува дека помалку од три отсто од луѓето ја користата билетарницата, па со тоа ќе се заштедат околу 50 милиони фунти (60 милиони евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.