| четврток, 6 декември 2018 |

Групата „4U“ го напушти „Икс-фактор“

Жирито му ја препушти одлуката, за тоа кој вечерва ќе го напушти шоуто, на публиката. Шоуто го напушти групата „4U“. Тие имаа најмалку гласови од публиката, а се најдоа во дуел со 14-годишниот Харис Чато.

Ова, беше втор дуел и борба за опстанок за групата девојки. Првиот пат жирито одлучи дека нивната изведба на „Недостајеш ми“ од Александра Ковач беше подобра од онаа на Маја Новаковиќ и тие беа спасени. Нивната менторка овојпат како песна за спас им ја одбра „California king bed“ од Ријана.

Младиот Босанец, пак, кој важи за еден од фаворитите, не само на неговата менторка Емина, туку и на публиката, прв пат се најде во последните две места и кандидати кои добиле најмал број гласови. Тој за опстанок ја пееше „Cry me a river“ на Џастин Тимберлејк. Харис не издржа пред притисокот и на крајот на изведбата пушти и неколку солзи, што воопшто не му се допадна на Жељко Јоксимовиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top