Во Велес здравстевните власти регистрираа нагло зголемување на бројот на заболени од грип поради тоа што, во последната недела од јануари и првите два дена на февруари регистрирани се 115 заболени од грип, исто колку во првите три недели од јануари или вкупно 230 лица.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова информира дека во последниот биланс на заболени има две деца до четиригодишна возраст како и 12 деца на возраст од пет до 14 години. Најголем број од заболените – 95, се на возраст од 15 до 64 години, а има и осум заболени над 64 години.
Д-р Трајкова и повторно аплелира до населението за поголемо консумирање витамини и топли напивки и избегнување масовни собири. Оние со симптоми на грип, пак, веднаш да се јават на преглед кај матичниот лекар, кој ќе им препише и соодветна терапија на лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


