| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска со 10.000 потписи до кандидат за претседател

vankovska1

Професорката Билјана Ванковска во вторникот поднесе барање до Државната изборна комисија (ДИК) за почнување на процедурата за собирање 10.000 потписи за влез во трката за претседател на Република Македонија.
Својот потпис за поддршка на независниот кандидат за претседател Билјана Ванковска, граѓаните ќе можат да го дадат во период од 15 работни дена, поточно, од 16 февруари до 2 март во една од подрачните единици на ДИК.

Адресите на подрачните единици на ДИК можат да се најдат на страната на Комисијата, а за подетално упатување гласачите ќе можат да се консултираат преку профилот на „Фејсбук“, блогот и веб-страницата на Билјана Ванковска.

Само преку собирање на потребниот број потписи независните кандидати можат да влезат во првиот круг на претседателските избори, во трка со кандидатите номинирани од политичките партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top