– Белгискиот атлетичар Бро Грир за време на Олимписките игри во Сиднеј секој ден имал посета од три девојки. Две од нив беа олимпијки, додека третата скандинавска туристка. Грир мораше да се повлече од натпреварувањето поради повреда на коленото.
– Истиот тој Грир, за време на патот преку океан, од Сиднеј до Лос Анџелес, во 2000 годинана летото го поминал во бања со позната олимпијка, на која одби да ѝ го открие идентитетот.
– За време на Зимските олимписки игри во Ванкувер, 2010 година, шест натпреварувачи организираа оргија во базенот. Тоа се случило во куќа надвор од олимпиското село, а познато е само дека учествувале спортисти од Германија, Канада и од Австрија.
– Хоуп Соло, која беше голман на фудбалската репрезентација на САД, призна дека една позната личност ја поканил во неговата соба веднаш по освојувањето на златото во 2008 година. Таа не сакаше да го открие неговиот идентитет, но затоа, пак, убаво го опиша сексуалното расположение за време на сите Олимписки игри: „Сум видела луѓе како имаат секс надвор, на тревата меѓу зградите, не грижејќи се каде се наоѓаат“.
– Тогаш 16-годишниот Грег Луганис, американски олимписки шампион во скокови во вода, во 1976 година случајно влегол во собата на руските натпреварувачи и ги виде двајцата свои колеги како разменуваат нежности.
– Американската скијачка Кери Шајнберг откри дека двајца членови од боб-тимот на Германија ѝ понудиле непристоен предлог на Игрите во 1994 година во Лилехамер, Норвешка: „Отворено ми рекоа дека ќе ми ги подарат нивните златни медали ако се согласам на групна забава“.
– Организаторите на Игрите во Сиднеј порачаа 70.000 кондоми за спортистите. Излезе дека тоа не е доволно. Тие мораа да купат уште 20.000. Сега секој домаќин набавува 100.000 кондоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


