Единствениот македонски претставник на балканското музичко шоу „Икс-фактор“ вечерва ќе настапува седми по ред.
Вечерта ќе биде посветена на поп-музика.
Даниел Кајмакоски на петтата по ред емисија во живо ќе го пее хитот на шведскиот диџеј Авичи, „Wake me up“.
Во ревијалниот дел на вечерта ќе настапи и сега веќе отпаднатиот македонски кандидат Фифи.
Гостин на шоуто, кој ќе настапува по кандидатите додека трае телефонското гласање, ќе биде евровизиската победничка од 2012 година, Лорин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


