| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници тепале деца за Нова година

tupanica nasilstvo

Тројца насилници и еден малолетник од Кривопаланелко се пријавени затоа што за време на Нова година тепале деца што се подготвувале да слават.

ПС „Крива Паланка“ поднесе кривична пријава за О.П.(24) од село Ранковце, Т.М.(18), М.М.(18), двајцата од село Опила и посебен извештај за Б.Ј.(17) од село Пеширово, Светиниколско, за сторени кривични дела насилство и тешка телесна повреда и за З.М. за прикривање.

На 31.12.2013 година, околу 23.00 часот, во Ранковцe, Кривопаланечко, пријавените почнале расправија со поголема група деца, кои биле организирани за дочек на Нова година, а потоа и физички нападнале едно дете. Откако децата избегале во барака и се затвориле, сторителите ја оштетиле вратата и заминале. Подоцна, околу 23.30 часот, А.М.(15), кој бил организиран со други деца, пред да влезе во бараката пријавените го нападнале и со дрвен предмет и боксирач му нанеле тешка телесна повреда – скршеница на носна коска. Инаку, З.М. иако знаел дека му се нанесени повреди на А.М., на полициски службеник не му ја кажал вистината, а потоа во полициска станица ја променил својата изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top