| четврток, 6 декември 2018 |

Џинот Шортсанитис му се закани на Антиќ: Кажете му дека е мртов

Грчкиот џин со американско потекло, Софокле Шортсанитис, му се заканил на македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ дека ќе го убие, објави спортскиот портал „Екипа“.

Пораката е пратена преку репрезентативните колеги на Шортсанитис од Олимпијакос, чиј член е Антиќ.

„Кажете му на Антиќ дека е мртов човек. Јас ќе го убијам“ ја пренесува „Екипа“ информацијата од „gazzetta.gr“

Сето ова се случува по вчерашното пеколно финале на грчкиот куп во кое Панатинаикос со 81-78 го победи Олимпијакос.

Уште пред мечот, навивачите на Пао со ракети ги гаѓаа лутите ривали, а настрада клупскиот соиграч на Антиќ, Кајл Хајнс.

Натпреварот потоа беше прекинат при резултат 26-17, а имаше и вербални дуели меѓу играчите на двата тима. Антиќ се „закачи“ со Стефан Лазме, па се претпоставува дека и Шортсанитис се вмешал во дуелот и оттаму е нервозната реакција на 206-сантиметри високиот центар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top