| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу ученици во сендвичарница

tepacka-8e53dede

Полицијата привела 9 малолетници од Скопје поради предизвикување тепачка во сендвичарница.

Вчера во 9.50 часот, во Скопје, на улица „50 Дивизија“ во сендвичарница „Пит стоп“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир меѓу две групи малолетници, ученици од средното училиште „Методија Митевски-Брицо“.  Додека лицата Д.Ц.(16) од Куманово, Д.Т.(16), И.Н.(16), М.Н.(16) и В.А.(16) седеле во сендвичарницата, дошле ученици од истото училиште и без повод и причина физички ги нападнале користејќи инвентар од сендвичарницата, при што оштетиле поголем дел од инвентарот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, приведени се лицата Н.В.(17), К.А.(16), А.Е.(15),  О.В.(18), С.А.(18), Д.Ц.(16), В.А.(16), И.Н.(16) и М.Н.(16), а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top