| четврток, 6 декември 2018 |

Директор на земјоделска задруга со фалсификати станал газда на фирмата

zemjodelci

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување или уништување деловни книги, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава за И.И.(38) од Центар Жупа.
Пријавениот, искористувајќи ја својата положба директор на земјоделската задруга „Нов живот“ од Центар Жупа, како и овластувањата што ги имал, извршил фалсификување потписи на доверители-членови на задругата, изготвил и заверил записник за одржан состанок на собранието на задругата со наводно донесени одлуки, употребувајќи ги потоа како вистинити.
Внесувајќи лажни податоци, пријавениот И.И. во записникот и одлуките навел дека шест члена-доверители му ги отстапиле уделите, односно основачкиот влог во задругата. Со таа незаконска активност, тој станал доминантен сопственик на задругата стекнувајќи противправна имотна корист од 132.849,оо денари. Тоа го направил иако знаел дека четири лица од шесте кои наводно му ги отстапиле своите удели веќе биле починати.
Врз основа на записникот за одржан состанок на собранието на задругата со наводно донесените одлуки, пријавениот извршил упис во судскиот регистар во Основниот суд Скопје 1.
И.И. е лице против кого полициската станица од Дебар и досега поднесувала кривични пријави за слични казнени дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top