| четврток, 6 декември 2018 |

Вилјареал ја оправда улогата на фаворит против Осасуна

Фудбалерите на Вилјареал ја оправдаа улогата на фаворит и без големи проблеми ја совладаа екипата на Осасуна со резултат 3-1 во послениот натпревар од 22. коло во шпанската прва лига.

Иако од почетокот на натпреварот беа подобри, фудбалерите на Вилјареал дури во второто полувреме успеаја да го решат прашањето за победник. Во 46. минута Жереми Пербе го отвори резултат со 1-0, а десет минути подоцна Мануел Тригерос со одличен удар ја зголеми предноста на Вилјареал. Во 75. минута за 3-0 повторно стрелец беше Пербе и така ја реши дилемата за победникот.

Фудбалерите на Осасуна во 87. минута успеаја да постигнат почесен погодок преку Риера.

Со оваа победа Вилјареал се зацрвсти на 5. позиција со 50 бода, додека, пак, Осасуна е 17. со 22 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top