
Во Куманово, поранешниот претседател на општинскиот совет Виктор Цветковски, кого СДСМ го исклучи од партијата, уште на првиот ден ги собрал потписите за независната кандидатура за градоначалник.Некогашниот претседател на СДСМ во Куманово ќе оди и со независна листа која како што пишува Дневник, ќе ја предводи Драги Каранџиски, некогашен член на ЛДП.
Во Кавадарци, некогашниот прв човек на општинската организација на СДСМ, Ташо Радњански исто така ги собрал потребните потписи. Тој за Дневник вели дека си ја завршил работата и дека сега ја чека жрепката за да види под кој број ќе биде на изборното ливче.
Во Кавадарци со независна листа оди и Панчо Минов. Тој не е член на СДСМ, но на два наврати беше градоначалник токму со поддршката на оваа партија.
Уште одамна официјализирана е и кандидатурата на Димитар Бузлевски за Ресен. Тој најави дека очекува поеда во првиот круг.
Од СДСМ велат дека на изборните ливичиња нема да има луѓе кои нешто значат во партијата и дека нема кој да го завземе нивното место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


